Барселона го „мерка“ Давид Алаба: Ќе го понуди Андре Гомеш + кеш, за Австриецот

Каталонскиот гигант Барселона на лето ќе се обиде да го ангажира левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба. Тој е всушност поливалентен играч, кој може да одговори на неколку позиции и во одбраната и во средниот ред, а Ернесто Валверде смета дека би бил одлично засилување за тимот од „Камп Ноу“. Раководството на клубот ќе се обиде да го купи по завршувањето на сезоната, а првата понуда е веќе подготвена.

Барселона е согласна да го испрати португалскиот интернационалец Андре Гомеш на „Алијанц арена“ и дополнително да плати одредена сума на Баерн Минхен, за да го добие австрискиот репрезентативец. Алаба има договор со баварскиот клуб до 2021 година, а неговата вредност е процената на околу 50 милиони евра. За него сериозен интерес појавува и Реал Мадрид.

Се вчитува...