Барселона го претстави Чави – Време е за нова ера на „Камп ноу“ (ВИДЕО)

Чави Хернандез и официјално беше претставен како нов тренер на шпанскиот лалигаш, Барселона. Официјалното претставување се случи на „Камп ноу“ каде беше присутен и претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Најголемите симпатизери на каталонскиот клуб го поздравија својот идол, чија цел ќе биде враќање на клубот во врвот во шпанскиот и европски фудбал. Чави тренерската кариера ја почна во Ал-сад чив предводник беше од 2019 година.

Претходно во фудбалската кариера помина 18 години во Барселона со која ги освои сите можни трофеи.

 

Се вчитува...