Барселона го претстави и Траоре: Чави ми кажа да го покажам мојот талент (ВИДЕО)

Барселона го искористи денешниот ден да ги претстави јануарските засилувања. По промоцијата на Пјер Ерик Обамејанг на ред дојде Адама Траоре кој во зимскиот преоден рок стигна од редовите на премиерлигашот Вулверхемптон.

Траоре кој потекнува од младинската школа на Барселона по враќањето во клубот изјави дека тренерот Чави побарал од него да го покаже целиот раскошен талент.

„Чави побара од мене да го покажам целиот талент“, изјави Траоре на промоцијата.

 

Се вчитува...