Барселона се обидува да се ослободи од Усман Дембеле, а последната опција која е на маса е Пари Сен Жермен. Каталонците и „светците“ започнале преговори со тоа што мора да бидат брзи во истите затоа што се ближи самиот крај на преодниот рок.
Повеќе медиуми пренесуваат дека челниците на Барса сакаат 20 милиони евра, па останува да се види дали ПСЖ ќе може да одговори на тие барања или пак во целата зделка можат да бидат вклучени и други играчи.
Имено „Спорт“ пренесува дека во операцијата можат да влезат Маури Икарди и Хуан Бернат. Тоа се две позиции кои Барса сака да ги засили и сега останува да се види што може да се направи пред затварањето на јануарскиот преоден рок.
Икарди е напаѓач кој како тинејџер има настапувано за Барса, додека Бернат е лев бек кој би бил конкуренција за Жорди Алба кој веќе со години буквално сам го носи товарот на таа позиција.
Првата цел на шпанскиот великан е да го продаде Дембеле на кого му завршува договорот на крајот на месец јуни, а притоа ја одби понудата за продолжување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА