Барселона идната недела добива засилување од Ајакс

Аргентинскиот лев бек Николас Таљиафико, ќе биде нов член на Барселона. Наводно се е веќе договорено, и Аргентинецот следната недела ќе го комплетира договорот со „Каталонците“.

Таљиафико веќе побарал да биде продаден во Барселона. Најверојатно договорот ќе биде позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп.

Со тоа Барселона добива големо засилување на левата бековска позиција. Исто така очекува Барса да го продаде Усман Дембеле во текот на идната недела.

Се вчитува...