Барселона е на добар пат да добие големо олеснување во буџетот, да спречи незадоволство во соблекувалната, но воедно и да претрпи финансиска загуба откако преговорите за премин на Витор Роке во Спортинг преминаа во завршна фаза.
Очекувањата се дека големото трансфер промашување на каталонците ќе реализира трансфер вреден 30 милиони евра во португалскиот тим, но за Барселона да ја добие целата сума ќе биде потребно и да се исполнат разни бонуси.
Роке беше промовиран во Барселона како големо засилување по реализација на трансфер вреден 40 милиони евра со Атлетико Паранаенсе, но 19-годишникот не ги исполни очекувањата. Притоа тој влезе во конфликт со раководството на тимот прикажувајќи незадоволство од минутажата па по само една полусезона ќе замине од славниот шпански клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА