Барселона пред раскин на договорот со Дембеле

Раководството на Барселона ја разгледува можноста да го раскине договорот со Дембеле. Меѓусебната соработка истекува за шест месеци, а во случај на прекин, Барса ќе ја спаси платата на Французинот, почнувајќи од 1 февруари.

Сепак, за ова е потребна согласност од Дембеле. Доколку Барса го раскине договорот без согласност, тогаш Усман ќе има можност да оди на суд.

Очигледно е дека главниот тренер на Барса, Чави, нема намера да се откаже од Французинот во преостанатите натпревари од сезоната, па тоа е уште една причина плус за Лапорта и неговите соработници добро да размислат за следните чекори.

Се вчитува...