Барселона рутински до „десетка“ во АСОБАЛ

Борко Ристовски со екипата на Барселона запиша уште една рутинска победа, вкупно десета во исто толку одиграни натпревари во шпанската АСОБАЛ лига. На гостувањето против Бидасо Ирун, Барселона очекувано славеше убедлива победа со 25-34.

Во првото полувреме домашниот тим успеваше да држи чекор и на полувремето ја задржа Барселона на само еден гол разлика (11-12). Но, потоа шпанскиот првак го засили темпото, се брзо се одлепи и на крај рутински ги однесе бодовите.

Голманите на Барселона на овој натпревар беа под вообичаениот просек – Борко Ристовски заврши со четири, а Гонзало Перез де Варгас со шест одбрани. Најефикасен во составот на Барселона беше пикерот Камил Сипжак со седум гола.

Се вчитува...