Барселона се откажа од Жан Мишел Сери

Играчот за врска на Ница, Жан Мишел Сери нема да се пресели во редовите на Барселона, откако каталонскиот клуб одлучи да ги прекине преговорите. Иако се најавуваше дека Сери ќе биде играч на Барса откако ги договорил условите со каталонскиот клуб, раководството на Ница бара поголема сума од првично договорената, која изнесува 40 милиони евра.

Наводно, клаузулата фудбалерот која изнесувала 40 милиони евра, истекол рокот, односо важела до крајот на јули месец, што значи дека францускиот прволигаш не беше обврзан да го продаде Сери за истата сума, па со право побара оштетата да биде поголема.

Барселона има уште осум дена да најде решение, односно замена за Нејмар. Дембеле и Ди Марија и натаму се мети, додека се уште се надеваат на услугите на Кутињо.

Се вчитува...