Барселона се откажува од Верати и тргнува по Пјаниќ?!

Новиот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, има план да доведе квалитетно засилување во средниот ред ова лето, а веќе размислува и за нова цел, откако стана јасно дека ПСЖ нема така лесно да му дозволи на Марко Верати да си замине од Париз. Ако не успее со Италијанецот, Валверде ќе ’пазари’ од Италија.

Најнова желба на Барселона е Миралем Пјаниќ, босанскиот интернационалец од италијанскиот првак Јувентус. Тој минатото лето од Рома се пресели во Јувентус за сума од 32 милиони евра, а Барселона го следи уште од времето кога го носеше дресот на францускиот Лион.

Според шпанските медиуми, раководството на Барса е подготвено да плати 50 милиони евра за да го ангажира Миралем Пјаниќ.

Се вчитува...