Барселона се уште му должи пари на Ливерпул за Кутињо

Финансиската криза во Барселона и понатаму продолжува, а овој пат одекна информација дека тимот од Каталонија се уште му должи пари на Ливерпул за трансферот на Филипе Кутињо на „Камп Ноу“.

Оваа вест ја објави радиото „Кадена СЕР. Како што е познато, Бразилецот пристигна во Барса зимата 2018 година, а Каталонците се согласија да му платат на Ливерпул 140 милиони евра за неговите права, од кои 100 милиони се загарантирани, а останатите врзани со активирање на неколку клаузули. Дури ни овие 100 милиони евра не се исплатени, каталонскиот гигант веќе доцни со една рата, а вкупниот долг кон Ливерпул изнесува 42 милиони евра (без клаузулите).

Добрата вест е што Барселона им плати на Борусија (Дортмунд) и Атлетико (Мадрид) за уште две мега трансфери – Усман Дембеле и Антоан Гризман. Сите три трансфери беа направени за време на владеењето на Хозе Марија Бартомеу, кого многу фанови на клубот го обвинуваат за тешката финансиска ситуација во која се наоѓаат Каталонците.

Се вчитува...