Барселона си има титула, па си загуби од Селта… (ВИДЕО)

Барселона веќе си ја обезбеди титулата во Ла Лига, па за многумина воопшто не е изненадувачки поразот од Селта на гостувањето во Виго во 36. коло од шампионатот.

Каталонците загубија со 2-0 по погодоците на Гомез во 67. минута и Аспас во 88. минута од натпреварот.

Овој триумф, пак, за Селта во голема мера може да значи опстанок во лигата ако се знае дека на две кола до крајот сега е со пет бода над линијата која значи преселба во Втората лига.

Се вчитува...