Младиот Витор Роке пристигна во Барселона како огромно засилување за долги стази, но не се прослави во каталонскиот клуб. Разочаран од минутажата влезе во „војна“ со раководството на клубот, а сега и на големо задоволство на навивачите замина на позајмица.
Бразилецот во новата сезона останува цел од шпанското првенство, но ќе игра за Реал Бетис откако ја официјализираше едносезоната позајмица во „зелено-белите“ редови со можност за откуп на договорот по истата.
📣 OFICIAL | El #RealBetis y el @FCBarcelona acuerdan la cesión de Vitor Roque ✍✅
¡Bienvenido al Villamarín! 🐯💚
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) August 26, 2024
Заминувањето на Роке носи и добри вести за Барселона бидејќи таа сега е се поблиску до регистрација на засилувањето Дани Олмо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА