Барселона со голем пресврт слави над Целје, Киелце подобар од Алборг

Ракометарите на Барселона на „мускули“ триумфираа на гостувањето кај Целје минимално со 27-28. Во текот на целиот меч словенечкиот тим имаше предност, но на крајот ја испушти, па Барселона си заминува со бодовите.

Во еден миг во првиот дел и во неколку мигови во вториот дел Целје имаше предност и од четири гола разлика, се навестуваше големо изненадување, меѓутоа до него не дојде. Дика Мем и Хампус Ване постигнаа по пет гола и беа најефикасни кај Барса, додека Маргуц кај Целје беше прв стрелец со осум погодоци.

Нант постигна 42 гола на гостувањето кај Елверум и дојде до седмата победа во групата. На крајот победа од 42-36, а најефикасен беше Кавалканти со седум гола, но тој играч доби и исклучување. Кај Елверум Грондал постигна девет.

Киелце и покрај проблемите со кои се соочува, успеа да ог совлада Алборг. Полскиот тим до победата дојде во вториот дел кој го доби со пет разлика за конечни 33-28. Најефикасен беше Морито со шест гола кај Киелце, а исто толку постигна и Бартолд кај Алборг.

Се вчитува...