Барселона со крпена одбрана против Алавес

Луис Енрике се соочува со сериозни проблеми околу одбраната на Барселона во пресрет на денешното гостување во Виторија против тимот на Алавес. Хавиер Маскерано се повреди на дуелот со Атлетико Мадрид и ќе паузира најмалку уште 15 дена, а дополнителна главоболка на каталонците им создава Жерар Пике, кој не успеа да се рехабилитира навреме од повредата што го мачи.

Пике не отпатува со тимот за Виторија, откако не успеа да ги мине последните лекарски тестови. Покрај него и Маскерано, во тимот ќе ги нема ниту Рафиња и Арда Туран“ – објавија од каталонскиот гигант.

Енрике на располагање има само двајца здрави централни дефанзивци, Умтити и Матие, но овој тандем досега нема одиграно ниту еден официјален заеднички натпревар во срцето на одбраната на Барса. Втората опција е од средината на теренот во последната одбранбена линија да биде преселен Серхио Бускетс, а стручниот штаб на Барселона конечната одлука ќе ја донесе непосредно пред денешната средба.

Се вчитува...