Башакшехир го враќа Арда Туран во Барселона

Турскиот клуб Башакшехир ја прекина соработката со Арда Туран. Не се спорни неговите играчки квалитети, туку испадите што ги имаше во и надвор од фудбалскиот терен. Поради ова раководството одлучи да ја прекине позајмицата и Арда Туран ќе треба да се врати во Барселона за да ги одработи и последните шест месеци од договорот со каталонскиот гигант.

Тој дојде како огромно засилување од Атлетико Мадрид во 2015 година, но три години подоцна замина на позајмица во Башакшехир. Сепак, во дресот на овој клуб направи голем инцидент и ја доби најголемата суспензија во историјата на турскиот фудбал, 16 меча неиграње која подоцна беше ублажена на забрана на 10 натпревари. Имаше испади и надвор од теренот, жестоки судири со оружје во Истанбул.

Се вчитува...