Бастија одигра за ПСЖ: Кикс на Монако…

Се поинтересна е трката за шампионската титула во Франција, откако во првиот натпревар од 26. коло лидерот Монако киксираше на гостувањето против претпоследнопласираната Бастија играјќи само 1-1.

Монако спасуваше и бод во второто полувреме, откако Диало уште во 19. минута донесе предност за домашните. Монако израмни со голот на Силва во 52. минута, но тоа беше се што успеа да направи.

All Goals & highlights – Bastia 1-1 Monaco… by ardit-miftari

Сега Монако има 59 бода на врвот од табелата, четири повеќе од второпласираниот ПСЖ кој има и натпревар помалку. ПСЖ натпреварот од ова коло го игра во недела од 21 часот против Тулуз.

Се вчитува...