Бастијан Швајнштајгер обвинет за расизам

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер е обвинет за расизам во неговата анализа за Брегот на Слоновата Коска.

Пред натпреварот во Торонто, кој Германија го доби со 2-1, Швајни, како коментатор за германскиот јавен сервис, рече дека Брегот на Слоновата Коска играл „африкански фудбал“, кој го окарактеризирал како „понекогаш необичен, малку див, не многу тактички“.

Неговите коментари предизвикаа реакции на социјалните медиуми и во германските мејнстрим медиуми. Тие го обвинуваат за користење расистички и колонијални термини што ги сведуваат црнците на физички атрибути, наместо да им припишуваат интелектуални способности.

„Зад атрибути како „див“ и „непредвидлив“ стојат стереотипи кои се постари од фудбалот и имаат расистички и колонијални корени“, објасни Филип Авуну, црн германски новинар.

Тој додаде дека не верува дека Швајнштајгер е расист, но дека неговите коментари го одразуваат мислењето на многу германски фудбалски фанови и стручњаци.

Се вчитува...