Бастони: Дното беше допрено, се чувствувам должен на италијанскиот народ

Италија конечно заигра онака како што се очекува од „аѕурите“ триумфирајќи со 1-4 на гостувањето против Турција, а првиот погодок беше дело на Алесандро Бастони.

Дефанзивецот на Интер беше трагичар на клучниот бараж со БиХ кога по неговиот црвен картон „аѕурите“ не се пласираа на мундијалот, не крие дека се уште го нема надминато психолошки тој момент.

„Неизбежно е со мислите да се враќам на она што се случи во Зеница. Се чувствувам должен на италијанскиот народ за следните четири години, да дадам се од себе да помогнам да се пласираме на следниот мундијал. Го допревме дното во изминатите години, но сите заедно сакаме да застанеме цврсто на нозе, да се стабилизираме како репрезентација и потоа да тргнеме со заеднички сили напред. Секогаш кога сум се наоѓал пред некој тежок предизвик сум сакал да излезам посилен, со крената глава, така е и овојпат“, истакна Бастони.

Се вчитува...