Бејл играше одлично, но се повреди

Герет Бејл одигра одличен меч за Реал Мадрид на гостувањето во Дортмунд, постигнувајќи еврогол за водство од 0-1, за потоа да му асистира на Роналдо при вториот погодок на „кралевите“.

За жал, финишот донесе нов проблем за велшкиот ас, кој се пожали на повреди и пред крајот беше заменет со Лукас Васкез.

Првичните информации велат дека станува збор за проблеми со мускулот, а во текот на утрешниот ден ќе биде познато колку Бејл ќе отсуствува од терените. Штета, со оглед на се подобрите настапи на овој фудбалер по слабиот старт на сезоната.

Доколку повредата е посериозна, тоа ќе биде огромен удар за селекцијата на Велс, која би била без својот најдобар играч на двете клучни средби за пласман на СП 2018.

Се вчитува...