Бекам му одговори на Ибрахимовиќ: Ако победиме, да дојдеш на „Вембли“ со англиски дрес

Златан Ибрахимовиќ го предизвика, а Дејвид Бекам веднаш му одговори на Ибракадабра за облогот околу утрешниот четвртфинален дуел меѓу Англија и Шведска. Златан посака Бекам да му купи подарок од шведскиот бренд ИКЕА доколку Шцеѓаните слават, а понуди да го одведе на вечера во ресторан што ќе го одбере Англичанецот, доколку неговата Шведска загуби.

Но, Бекам, сепак, уште повеќе го зголеми облогот. Побара, доколку победи Англија, Златан Ибрахимовиќ да дојде на некој следен меч на селекцијата на гордиот Албион на „Вембли“, да биде облечен во англиски дрес и да грицка чипс на полувремето. Секако, прифати да му купи се што му е потребно на Ибра од ИКЕА, доколку Шведска излезе како победник.

 

Се вчитува...