Ферги беше закон – Бекам морал да се шиша на „Вембли“

Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам говореше за годините поминати во дресот на „црвените ѓаволи“ под водство на Сер Алекс Фергусон, само потврдувајќи го неверојатниот авторитет што шкотскиот стратег секогаш го имаше над сите свои фудбалери.

Познато е дека во текот на кариерата Бекам често знаеше да ја менува фризурата. Во 2000 година тој драстично реши да го смени имиџот, правејќи ја познатата фризура „ирокеза“. Свесен дека новата фризура нема да му се допаѓа на легендарниот стратег, тој на тренинзите одлучил да носи зимска капа, а  новиот имиџ му го покажал на Сер Алекс Фергусон само еден час пред почетокот на мечот со Челси од Комјунити шилд натпреварот на „Вембли“.

„Влегов во соблекувалната и ми беше многу страв да му ја покажам. Претходните денови на тренинг носев капа, со капа одев дома, во хотел, цело време ја носев бидејќи ми беше страв. Кога дојде време да се подготвам за натпреварот ја соблеков и неговата прва реакција беше да ја ишишам косата. Јас се насмевнав, а тој само ме погледна и сосериозен тон повторно да се ишишам. Морав да се снајдам и на Вембли да ја ишишам мојата коса, бидејќи секогаш зборот на Фергусон беше последен“, изјаи Бекам. 

Популарниот Бекс во Манчестер Јунајтед помина 11 години, во кои забележа 265 настапи на кои постигна 62 гола, а со тимот од „Олд Трафорд“ успеа да ги освои сите трофеи.

Се вчитува...