Бекам сурово искрен: Предолго траат проблемите во Јунајтед

Една од иконите на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам смета дека клубот е во многу тешка ситуација.

Бекам, кој одбележа дел од историјата на клубот од „Олд Трафорд“, во подкаст зборуваше за неволјите што го снашле славниот клуб.

Бекам вели дека во деценијата по пензионирањето на Алекс Фергусон во 2013 година, сè дошло до израз.

„Имаа навистина тежок период од пет или 10 години, но знаевте дека така ќе биде кога шефот ќе го напушти клубот. Не е само тоа, изгубивме играчи како Рајан Гигс, Рој Кин и Гери Невил, тие сите беа во Јунајтед долго време. Сето ова трае премногу долго“, вели Бекам.

Се вчитува...