Бекер: Сакам да ме закопате на Вимблдон

Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер, изјави декa по многу години поминати во Лондон, повеќе не се чувствува како Германец и посака вечно да остане на неговиот омилен Вимблдон.

Своевремено најмладиот шампион на Вимблдон, денеска 50-годишен тренер и банкротиран бизнисмен, веќе неколку години живее во Лондон и го смета за свој дом.

Мојот дом е Лондон. Сакам да ме закопаат на Вимблдон. Сугурно нема да се враќам во Германија. Имам германски пасош, но повеќе не се чувствувам како Германец“ – изјави тројниот освојувач на Вимблдон.

Врховниот суд во Лондон во јуни годинава прогласи банкрот на Борис Бекер, но тој потоа истакнуваше дека овие тврдења не се точни. Неговите пријатели, а меѓу првите и Новак Ѓоковиќ на кој до неодамна му беше тренер, сепак, му понудија финансиска помош да ја преброди кризата.

Се вчитува...