Беќири незадоволен од условите: Институциите да преземат одговорност, нема предуслов за фудбал

Шкендија стигна до посакуваните три бода на гостувањето против Шкупи, но тренерот на тетовци, Јетон Беќири во изјавата по мечот наместо на 90-те минути игра се осврна на сериозниот проблем во мак-фудбалот, квалитетот на терените во прволигашката конкуренција.

Стратегот на тетовци алармираше дека на дуелот со Шкупи не постоеле основни услови за играње фудбал, повикувајќи ги одговорните институции да реагираат на соодветен начин.

„Задоволен сум од резултатот бидејќи го реализиравме она што го замисливме. Сепак, кога мора да играме на терени кои не ги исполнуваат ниту минималните стандарди, јас како тренер морам да се воздржам од анализа. Ќе го почитувам професионализмот на мојата работа и затоа нема да навлегувам во деталите. Ова не е фудбалски терен и надлежните институции мора да преземат одговорност. Не можам да дозволам да зборувам за играта кога ни недостига најосновниот предуслов за фудбал“, изјави Беќири.

Шкендија по 13 комплетирани рунди се наоѓа на третото место на табелата со 30 освоени бода, три помалку во однос на лидерот Вардар.

Се вчитува...