Јетон Беќири со право беше разочаран по најновиот пораз на Шкендија, и тоа на домашен терен од екипата на Башкими, со резултат 2-3.
Тетовци одлично отворија со гол за рано водство, но потоа следеше огромен пад на концентрацијата и три гола во мрежата на „црвено-црните“, што на крајот резултираше со пораз кој многу веројатно ќе ја чини Шкендија шампионски трофеј.
„Овој пораз е апсолутно неочекувано и го става нашиот тим во исклучително тешка позиција. Одигравме многу слабо во дефанзивата, како колектив не функциониравме добро во одбраната. Противникот создаде многу шанси и постигна три гола, а имаше и други опасни ситуации. Тоа е сериозен сигнал за тревога. Постигнавме два гола, но примивме три, тоа е недозволиво за екипа која се бори за титула. Мора внимателно да ја анализираме ситуацијата со играчите. Не сум задоволен ниту од борбеноста, ниту од начинот на кој го контролиравме резултатот по водството. Не смее да се дозволи вакво нешто пред нашите навивачи“, истакна Беќири по шокантниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
