Беќири: Заслужена, многу значајна победа за нас

Шефот на стручниот штаб на Струга Трим Лум, Јетон Беќири е очекувано задоволен од втората едноподруго победа на неговиот состав во домашниот шампионат.

Беќири нагласува дека во исцрпувачки натпревар, без разлика на одредени слабости во играта, важно е кога ќе се стигне до трите бода.

„Запишавме многу значајна победа за нас во многу тежок и исцрпувачки натпревар. Игравме против една квалитетна екипа на Ренова која во секој момент знае што сака и што прави и се бори до самиот крај. Во овој дел од првенството се бројат бодовите и добро е што врзавме две победи во серија после резултатска криза претходниов период“ – вели Беќири по вчерашниот натпревар.

Се вчитува...