Белгија сигурна против Чешка, убедливи победи на Шпанија и Полска, Косово се спаси во судиското продолжение

Дербито на групата „Е“ помеѓу Белгија и Чешка им припадна на Белгиците кои славеа со сигурни 3-0. Првиот гол на мечот го постигна Лукаку во 8. минута, во 41. минута Хазард стрелаше за 2-0. Во второто полувреме домаќините успеаја преку Саелемаекерс да стигнат до конечните 3-0.

Репрезентациите на Шпанија и Полска забележаа убедливи победи од 4-0 против Грузија, односно 7-1 против Сан Марино. Шпанците до победата стигнаа уште во првото полувреме со головите на Гаја, Солер и Торес, а во второто полувреме стрелаше Сарабиа за конечниот резултат.

Голеадата на Полјаците започна уште во 5. минута од мечот со голот на Левандовски, а веќе до полувремето Полска стигна до 4-0 со погодоците на Свидерски, Левандовски и Линети. Сан Марино намали на 4-1 со голот на Нани, а до крајот на мечот хет-трик за Полјаците забележа Букса.

Косово успеа да стигне до бод на домашен терен против Грција откако во судиското продолжение Муриќи успеа да ја протне топката во противничката мрежа. Претходно во втората минута од првото полувреме Дувикас и донесе 1-0 на Грција.

Без голови одиграа Швајцарија и Италија, а херојот на мечот е Сомер кој успеа да го одбрани пеналот на Жоржињо во 53. минута од мечот.

Се вчитува...