Белгија со ВАР пенал во 124. минута до трилер победа над Сенегал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Белгија се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во трилер меч по продолженија славеа над Сенегал со 3-2.

Сенегалците имаа се во свои раце во регуларните 90 минути откако со головите на Диара во 25. и Сар во 51. минута имаа водство од 0-2 се до 86. минута. Тогаш Ромелу Лукаку прво намали на 1-2, додека три минути подоцна Тиелеманс израмни на 2-2 и го одведе мечот во продолженија.

Belgium [2]-2 Senegal – Youri Tielemans 89'
byu/977x insoccer

Во продолженијата двапати по 15 минути, кога сите очекувавме удари од белата точка, се случи тоа, но пенал само за Белгија во 120. минута, по помош од ВАР собата откако Камара го фаулираше Тилеманс, кој прецизно го изведе за победа од 3-2 и пласман во осминафинале.

Belgium [3] – 2 Senegal – Y. Tielemans 120+5' (Penalty)
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...