Белгијците му кажаа „чао“ на Бразил

Фудбалската репрезентација на Белгија го совлада Бразил со 2-1 и се пласира во полуфиналето на Светското првенство во Русија, каде ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција. Можеби Бразил беше фаворит за освојување на титулата, но Нејмар и друштвото вечерва во „Казањ Арена“ налетаа на расположените Белгијци кои знаеја умешно да ги искористат своите шанси.

На стартот им помогна и Фернандињо кој во 13.минута си постигна автогол со несмасна реакција во шеснаесетникот, по корнерот од левата страна. Бразилците напаѓаа, меѓутоа не знаеја да го пронајдат патот до мрежата на Тибо Куртоа. Во 31.минута, Кевин де Бруин по еден брз противнапад зголеми на 0-2, со прецизен удар од 25 метри.

„Кариоките“ нападнаа со сите сили во второто полувреме. Нововлезениот Ренато Аугусто во 76.минута со удар со глава намали на 2-1. Нејмар во судиското продолжение упати прецизен удар, но, Куртоа одбрани. Бразил не успеа да стигне до израмнување и мундијалскиот пат го заврши во четвртфиналето.

Се вчитува...