Белгијците со ’адут плус’: Кој го елиминирал Бразил, игра во финале!

Фудбалската репрезентација на Белгија вечерва (20 часот) во Санкт Петербург ќе води битка против Франција за влез во финалето. Ќе биде тоа голем удел, а Белгијците имаат еден голем ’адут’ на своја страна, барем кога е традицијата во прашање. Тие го елиминираа Бразил, а традицијата вели дека селекцијата што ги исфрлила „кариоките“ од Мундијалот, гарантирано игра во финалето. Така е тоа уште од 1990 година.

Играчот за врска Кевин де Бруин, ја истакна самоувереноста во таборот на „црвените ѓаволи“ во пресрет на вечерашниот голем дуел со Франција.

„Можеби ќе звучи премногу самоуверено. Но, уште пред една година знаев, а и јавно кажував, дека Белгија може да направи многу на Светското првенство. Свесни сме за нашите квалитети, оваа генерација игра долг период заедно, и е составена од вистински воини. Не се предаваме никогаш и најмногу од се, сакаме да победуваме. Не очекува тежок и неизвесен дуел со Франција, но верувам во наш успех“, изјави Кевин де Бруин.

Се вчитува...