Белгијците со „петарда“ им го украдоа првото место на Египќаните и полесниот пат во нокаут-фазата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Белгија го победија Нов Зеланд со 5-1 (1-0) и со тоа се пласираа во 1/16-финалето на Светското првенство.

„Црвените ѓаволи“ успеаја да стигнат до првото место во групата, искористувајќи го нерешениот резултат на Египет со Иран.

На овој начин, Белгија обезбеди полесен пат низ нокаут фазата, почнувајќи од првиот противник, кој најверојатно ќе биде Јужна Кореја.

Во евентуалното осминафинале, пак, ќе одат на победникот од дуелот САД – Босна и Херцеговина.

Египет падна на второто место и ќе игра против Австралија, пред да се вкрсти со Аргентина или Зеленртските острови.


Се вчитува...