Белингам не е единствениот Англичанец кој го посакува Реал Мадрид

Реал Мадрид се подготвува за смена на генерациите, а во очекувања на заминување на Лука Модриќ, Тони Крос и Карим Бензема „кралскиот тим“ веќе знае кои се нивните идеални замини. Во последните денови се појавија информации за ангажман на Џуд Белингам, но 18-годишникот не е единствениот Англичанец на листата на желби на шпанскиот гигант.

На истиот се наоѓаат и неговите сонародници Хари Кејн и Рис Џејмс. Веројатноста за заминување на голгетерот од Тотенхем е огромна по новата катастрофална сезона на „петлите“, а на младиот бек кој веќе неколку сезони настапува на врвно ниво се гледа како замена за Дани Карвахал чија форма е во пад.

Според шпанските медиуми на листата на желби на Реал Мадрид има уште два фудбалери. Станува збор за „вундеркидот“ на Селта Виго Габри Веига за кој постои интерес и од Манчестер Јунајтед, како и српскиот голгетер Душан Влаховиќ, кој сепак е резервна опција зад Кејн.

Се вчитува...