Џуд Белингем донесе огромна радост на цела Англија откако со два гола го предводеше „гордиот албион“ до голема победа над Мексико и пласман во четвртфиналето од СП 2026.
„Ова дефинитивно ми е најубавата ноќ во репрезентативната кариера. Свесен сум за притисокот, за одговорноста што секој од нас ја носи, но веерувам дека оваа победа уште повеќе ќе ни ја зголеми самодовербата. Имаме извонредни фудбалери кои можат да се носат со секого, да победат секого. Мораме да веруваме во тоа и да го имаме вистинскиот пристап, не да чекаме 30, 40 или 50 минути за да почнеме да играме како што знаеме“, изјави англискиот херој.
За крај, тој беше прашан и за порака до Англичаните кои дома го гледаа овој супердраматичен натпревар.
„Напијте се уште по една и пратете СМС на шефот, дека нема да можете да дојдете на работа. Тоа е тоа“, порача Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
