Фудбалскиот клуб Бенфика денес објави дека Ренато Санчез се враќа во својот матичен клуб Пари Сен Жермен.
Тој беше позајмен во својот поранешен тим, но не се наметна како што многумина би сакале и како што играше пред да биде купен од Баерн Минхен во 2016 година како „Златното момче“.
Бројните позајмици, а потоа и оживувањето на кариерата во Лил му овозможија трансфер во ПСЖ во 2022 година, но потоа повторно беше бледа сенка на своите настапи. Тој се истакна носејќи го дресот на Лил, со кој го освои француското првенство, но не беше доволно добар во Париз, па затоа повторно следеа позајмици. Прво во Рома, а потоа во Бенфика.
Сега тој е повторно во тимот на Луис Енрике и веројатно нема да остане таму. Не би било изненадувачки ако повторно ја пронајде среќата во Франција. Тој ќе наполни 28 години кон средината на август.
Минатата сезона одигра 21 натпревар за Бенфика и постигна еден гол. Неговиот договор со ПСЖ е до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА