Бенфика потврди: Клаузулата е исплатена, Мурињо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид

Фудбалскиот клуб Бенфика потврди дека Жозе Мурињо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид, откако кралскиот клуб плати 15 милиони евра отштета.

„Ти благодариме, Жозе Мурињо“, пишува во соопштението на Бенфика.

Веднаш потоа, Бенфика објави дека постигнала договор со Марко Силва, кој ќе седне на клупата на „орлите“.  Потпишан е двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Се вчитува...