Бензема го престигна Трезеге, Депај го надмина Ван Нистелрој

Во вчерашната победа над Казахстан од 7:0, за Франција Карим Бензема постигна еден гол, што беше негов 35-ти погодок за репрезентацијата. Со тоа го престигна Давид Трезеге на вечната листа на стрелци, и сега се најде на петтото место.

Во првите четири во Франција се Тиери Анри со 51 погодок, Оливие Жиру со 46, Платини и Гризман имаат по 41 погодок.

Уште еден фудбалер влезе меѓу најдобрите стрелци во својата репрезентација. Станува збор за Мемфис Депај кој што се најде на четвртото место, со двата гола против Црна Гора вчера. Депај го постигна својот 36-ти, а потоа и 37-ми, со што го надмина легендарниот Руд ван Нистелрој кој имаше 35. Депај сега има ист број на голови со Арјен Робен и Денис Беркамп.

Инаку прв на листата на стрелци на „лалињата“ е Робин Ван Перси со 50 гола, Клас Јан Хунтелар има 42, а Патрик Клајверт постигна 40 погодоци.

Се вчитува...