Карим Бензема би можел да направи големо враќање на европската фудбалска сцена, во трансфер кој изгледаше речиси незамислив до пред само неколку дена.
Прво, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид разговараше со Бенфика, но двете страни не успеаја да постигнат договор. После тоа, контактиран е и Лион, клубот со кој Бензема особено емотивно ја врзува својата кариера, но таа приказна не заврши ниту со трансфер.
Сега во целата приказна се вклучи Баер Леверкузен. Според информациите од алжирскиот новинар Илиес Кадури, германскиот клуб го контактирал Бензема и покажал сериозен интерес да го доведе.
Французинот наводно е многу заинтересиран за можноста да игра во Германија, а веќе разговарал со двајца поранешни соиграчи, Муса Диаби и Лукас Васкез.
Сепак, во моментов постои еден голем проблем меѓу Бензема и неговото враќање во Европа кој нема никаква врска со фудбалот.
Французинот има амбасадорски договор со Саудиска Арабија кој важи до 2030 година, а според тој договор, тој има обврска да се појавува на разни настани во текот на целата година. Токму овие обврски би можеле да предизвикаат проблеми доколку Бензема повторно игра во Европа, бидејќи одредени настани би можеле да се совпаднат со датумите на натпреварите и клупските обврски.
Затоа Бензема и неговите агенти во моментов се обидуваат да најдат решение со своите саудиски партнери. Не станува збор за целосно раскинување на многу профитабилен договор, туку за тоа неговите обврски да бидат „намалени“ за одреден временски период за да може да игра во Европа без поголеми проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
