Бензема сo ултиматум до Реал: Ако дојде Халанд, јас си одам од Мадрид

Францускиот напаѓач Карим Бензема е главен во Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо и игра во одлична форма, па така на 27 меча сезонава постигна дури 24 голови.

Бензема има договор со Реал Мадрид до 2023 година, но „кралевите“ сакаат да му ја продолжат соработката. Французинот немаше ништо против таквата идеја, но тоа би можело да се промени со доаѓањето на Ерлинг Халанд.

„Кралевите“ следното лето сакаа да го ангажираат Килијан Мбапе, кој требаше да игра во тандем со Бензема, но во медиумите се појавија шпекулации и за трансфер на Халанд.

Шпанските медиуми откриваат дека Бензема му се заканил на раководството на Реал дека ќе замине ако го донесат Норвежанецот, кој сигурно би му ја намалил минутажата на францускиот напаѓач во Мадрид.

Се вчитува...