Бензема во одбрана на Меси: Тие што го критикуваат, не се разбираат во фудбал

Карим Бензема застана во одбрана на критичарите кон Лионел Меси, кој не се снаоѓа најдобро во дресот на ПСЖ по трансферот од Барселона.

Во интервју за „Телефут“, голгетерот на Реал Мадрид изрази поддршка до својот голем ривал, па истакна дека има огромна почит кон Аргентинецот, а воеднo ги осуди и сите негови критичари.

„Не постојат шанси дека тој нема да успее. Потребно му е само време за адаптација, бидејќи не постигнува премногу голови. Погледнете што прави на теренот. Не можете да критикувате фудбалер како Меси. Секој што го критикува Меси всушност не се разбира во фудбал“, рече Бензема.

Двајцата фудбалери ќе се сретнат наскоро во Лигата на шампиони, бидејќи во осминафиналето ривал на Реал Мадрид е ПСЖ.

Се вчитува...