Берахино паднал на допинг – тест

Напаѓачот на Стоук, Саидо Берахино, паднал на допинг – тест и бил суспендиран од ФА на Англија. Неговиот нов клуб е шокиран, со оглед дека плати 12 милиони фунти оваа зима за да го доведе во своите редови. Сепак, тој веќе одигра еден натпревар во дресот на овој тим, а ‘одлежал’ два месеци суспензија како играч на Вест Бромвич Албион.

Контроверзниот напаѓач низ кариерата го следеа многу престапи, казни за возење во алкохолизирана состојба, проблематично однесување во клубот, а сега медиумите во Англија открија и дека бил позитивен на допинг – тест поради користење на лесна дрога.

Заработил суспензија од осум седмици, иако максималната казна изнесува и до шест месеци.

Се вчитува...