Бербатов: Се надевам дека Јунајтед нема да заврши како Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов се надева дека „црвените-ѓаволи“ нема да чекаат на трофеј во Премиер-лигата долго како Ливерпул.

„Тешко ми е да признам дека Јунајтед е толку далеку од Сити и Ливерпул. Се гледа во играта колкава е разликата. Сепак, се надевам дека Јунајтед нема да заврши како Ливерпул и нема да чека на титула во Премиер-лигата три децении, бидејќи и овие шест години се премногу“, изјави Бербатов. 

„Црвените“ моментално се први на табелата во Премиер-лигата со седум победи од исто толку натпревари, додека Јунајтед во моментот е 10. со скор од две победи, три нерешени и еден пораз.

Се вчитува...