Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески ќе го носи дресот со број „33“ во редовите на Јувентус. Тој дојде како големо засилување од Фиорентина, но, сепак, од почит не ја зеде „десетката“, која во минатото ја носеле големи фудбалски имиња како Алесандро Дел Пјеро, Мишел Платини…
„Десетката“ треба да ја заслужам. Среќен сум што конечно се реализира трансферот и сега можам комплетно да се фокусирам на подготовките и настапите што претстојат во дресот на Јувентус. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Бернардески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА