Моисе Кеан до пред една сезона важеше за голем бисер на италијанскиот фудбал, откако како тинејџер се наметна во првиот тим на Јувентус, па дури и постигна неколку погодоци во црно-белиот дрес. Одличниот голгетер сепак реши да си замине од Јуве и ја прифати понудата на Евертон, но првата сезона во Премиер-лигата беше катастрофална за него (еден гол на 26 средби), па сега Кеан со право размислува за камбек во италијанскиот фудбал.
Интер будно ја следи неговата ситуација, а извори блиски до „нероаѕурите“ тврдат дека директорот Марота веќе почнал преговори со неговиот агент Мино Раиола. Кај двете страни постои сериозен интерес за соработка, Евертон исто така сака да го продаде, но „карамелите“ тешко дека ќе успеат да ја вратат инвестицијата од почетни 27,5 милиони евра исплатени на Јуве минатото лето.
„Нероаѕурите“ нудат почетни 15 милиони евра, или како втора опција – два милиони евра за едногодишна позајмица, по што потоа би доплатиле уште 18 милиони евра доколку тој ги оправда очекувањата на стручниот штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА