Бесир Демири: Жалиме за поразот, со сите сили ќе одиме на победа во Приштина

Шкупи доживеа пораз од 1-2 во првиот натпревар од плеј-офот за Конференциската лига на УЕФА. Косовски Балкани не беше подобриот тим на терен, но успеа максимално да ги искористи своите шанси на крајот за заслужена победа која го носи чекор напред кон групите во Конференциската лига.

Левокрилниот дефанзивец на чаирчани, Бесир Демири вели дека поразот, сепак, не е заслужен затоа шт

„Жалам за поразот. Одигравме навистина добар натпревар и имавме шанси да победиме. Но, таков е фудбалот. Противникот ја казни секоја наша грешка. Знаевме дека Балкани е опасен, очекувавме силен ривал и тоа се потврди. Сепак, веруваме во своите можности и ќе се обидеме да победиме на реваншот во Приштина. Се уште има шанси“ – изјави Демири по синоќешниот натпревар на арената „Тодор Проески“.

Реваншот е на 25. август на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

Се вчитува...