Една од најголемите македонски кошаркарски легенди Благоја Георгиевски – Буштур синоќа трагично загина во сообраќајна несреќа во 69-та година од животот.
Популарниот Буштур, без сомнение, е личност која остави силна трага во македонскиот спорт, освојувач на олимписки медал од ЛОИ 1976, но и бројни медали од европски шампионати со селекцијата на поранешна СФРЈ. Со својот Работнички во сезоната 1975/76 стигна и до полуфиналето во Купот на европските победници на куповите.
Низ неколку издвоени моменти од неговата биографија ве потсетуваме на беспрекорната кариера на Благоја Георгиевски – Буштур.
- Член на младинска репрезентација на поранешна Југославија со која, под селекторската палка на Лазар Лечиќ, стигна до балканската шампионска титула во 1970 година
- Полуфинале на Европското младинско првенство 1970 година во Атина
- Европски вицешампион со репрезентацијата на поранешна СФРЈ на Европското првенство 1971 во Западна Германија
- Олимписки вицешампион од ЛОИ 1976 во Монтреал. Најголем успех во историјата на еден македонски кошаркар!
По завршувањето на играчката кариера извршуваше и бројни раководни функции во македонската кошарка:
- Селектор на македонската сениорска репрезентација
- Член на УО на КФМ и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет
- Претседател на Олимпискиот совет при МОК
- Член на Клубот на великаните на Македонскиот олимписки комитет од 1997 година
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА