Бетис не ја дава „котата 3“ во Ла Лига

Бетис се зацврсти на третото место на табелата во шпанската Ла Лига по триумфот што избраниците на Мануел Пелегрини го забележаа на гостувањето против Еспањол, со убедливи 1-4.

Еспањол важи за незгодна домашна екипа, успеа и прва да дојде до водство на овој меч со погодокот на Раул де Томас. Сепак, тоа беше се што домашните фудбалери успеаја да сторат на оваа средба, Бетис уште до крајот на полувремето успеа да направи пресврт преку Иглесијас и Родригез, за во вториот дел да стигне и до убедлив триумф со вториот гол на Иглесијас пред печат на победата да слави Вилијам Хозе.

Бетис сега има 40 бода на третото место на табелата, седум повеќе (и два меча повеќе) во однос на четвртопласираниот Атлетико Мадрид.

Се вчитува...