Без голови во Рим, стативата ја спаси Аталанта

Лацио и Аталанта одиграа меч без голови вечерва во последниот меч во Серија „А“ денеска, иако се очекуваше отворен натпревар и многу погодоци. Двата тима одиграа лош натпревар, особено во првиот дел кога немаа шанси ниту едните, ниту другите.

Сликата нешто подобра во вториот дел во кој Лацио целосно доминираше. Во 63. минута се случи најсериозната шанса на мечот, кога Лацио ја погоди стативата од голот на Аталанта. Аталанта, пак, неколку пати се закани преку Миранчук, но не успеа да го најде патот до мрежата.

Аталанта практично играше со измешан состав, со оглед дека Џан Пиеро Гасперини не можеше да смета на многу играчи поради повреди, коронавирус и болест.

Се вчитува...