Без голови во Ротердам – Хрватска и Шпанија заминуваат во продолженија

Третиот шампион во најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации ќе биде познат по продолженијата, откако по 90 минути во финалето во Ротердам Хрватска и Шпанија играат без голови 0-0.

Еден тврд и тежок натпревар во кој и двата тима повеќе гледаат како да го заштитат својот гол, отколу да го загрозат другиот, па повеќе од реален исход е тоа што по 90 минути се уште стојат почетните 0-0.

Во финишот Шпанците беа за нијанса подобар противник, но своите шанси не успеаја да ги искористат Ансу Фати и Асенсио.

Во претходните две издание на Лигата на нации до трофејот стигнуваа селекциите на Португалија и Франција.

Се вчитува...