Гвардиол е класа играч, но и класа човек: Му нудеа да изведе пенал за хет-трик, а тој…

Јошко Гвардиол одигра извонреден натпревар против Фулам, прв во дресот на Манчестер Сити на кој хрватскиот ас успеа да постигне два гола за својот тим.

Фудбалските квалитети се несомнени, но Хрватот ја покажа и човечката големина во самиот финиш од дуелот, кога беше досуден пенал за неговиот тим, а Алварез и капитенот Вокер му пријдоа на Гвардиол нудејќи му тој да шутира и со тоа да стигне до првиот хет-трик во професионалната кариера.

„Точно е, му понудија да го изведам пеналот за да стигнам до хет-трик. Јас искрено сакам да шутирам пенали, но постојат правила што треба да се почитуваат. Алварез беше тој што требаше да шутира и јас со задоволство му ја препуштив топката“, изјави Гвардиол веднаш по мечот.

Се вчитува...